ВИДЕО: Најдобрите моменти од натпреварот Голден Стејт – Лос Анџелес Лејкерс

Голден Стејт ја започна победнички новата НБА сезона/Сан Франциско, Калифорнија, САД/18 октомври 2022/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Со два меча во ноќта меѓу вторник и среда, започна новата сезона во НБА, најсилната кошаркарска лига во светот. Славеа домаќините, актуелниот шампион Голден Стејт го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 123:109, додека Бостон победи против Филаделфија 126:117.

Вориорси не се мачеа многу против Лејкерси. По церемонијата на која им беа доделени шампионските прстени, домашните поведоа од самиот старт и постојано го зголемуваа водството. По првиот дел имаа три, а на полувремето седум поени предност.

Натпреварот беше решен во третата четвртина кога „воините“ значително го зголемија темпото и во еден момент имаа огромни „плус 27“ позитива (91:64). После тоа мирно го приведоа натпреварот до крај.

Најдобар во победничкиот клуб беше Стеф Кари со 33 поени, шест скока и седум асистенции. За „езерџиите“ Леброн Џејмс застана на 33 поени, 14 скока и шест асистенции, додека Дејвис постигна 27 поени.

Поинтересно беше во Бостон, каде Селтикс и Сиксерси одиграа тесен меч, особено во првото полувреме кое заврши 63:63. И на овој дуел клучни беа третите 12 минути кога Бостон стекна „плус 10“ и не му даде шанса на противникот да се врати.

Џејлен Браун и Џејсон Тејтум ги предводеа Селтикси со по 35 поени. Кај гостите Џејмс Харден исто така постигна 35 поени со осум скока и седум асистенции, а Ембид запиша учинок од 26 коша и 15 скока.

НБА, резултати –

Бостон селтикс – Филаделфија сиксерс 126:117
Голден Стејт вориорс – Лос Анџелес лејкерс 123:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот