Фото: Screenshot

ВИДЕО | Надал, Куртоа, Синер и Белингем играа тенис на „Бернабеу“, судија беше Перез

Домот на Реал Мадрид накратко доби сосема поинаква улога и легендарниот стадион беше трансформиран во тениска арена, каде во наредните десетина дена ќе тренираат врвни тениски имиња во рамки на мастерс-турнирот во Мадрид.

Со овој потег „кралевите“ дополнително го промовираат својот модерен, мултифункционален стадион, а вниманието го привлече и едно видео кое на прв поглед делува нереално, како да е создадено со вештачка интелигенција но е целосно автентично.

На импровизираниот тениски терен се најдоа вистински ѕвезди од различни спортови: Рафаел Надал и Тибо Куртоа на едната страна, против Јаник Синер и Џуд Белингам на другата. Улогата на судија ја презеде првиот човек на клубот, Флорентино Перез, што дополнително ја заокружи оваа необична и впечатлива сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот