Сенит и Бој Џорџ / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Музичката икона Бој Џорџ вечерва настапува на Евровизија, но само 46 секунди

Бој Џорџ вечерва ќе се појави на сцената на Евровизија, во рамките на првото полуфинале, но неговиот настап ќе трае исклучително кратко – само 46 секунди.

Музичката икона од осумдесеттите и фронтмен на групата „Калчр клаб“, позната по хитовите „Do You Really Want To Hurt Me“ и „Karma Chameleon“, ќе настапи како гостин на претставничката на Сан Марино, Сенит.

Според мерењата од пробата, Бој Џорџ ќе помине на сцената 46,42 секунди, а ќе пее само околу 15 секунди. Тој ќе се појави за време на 13. настап во вечерта, па евровизиските фанови навистина би можеле да го пропуштат ако трепнат.

И покрај краткото појавување, Бој Џорџ не го крие воодушевувањето.

„Едноставно е лудо што можам да бидам дел од Евровизија. Евровизиските фанови се неверојатно страсни, навистина го сакаат ова натпреварување и веднаш ме прифатија со отворени раце“, изјави тој.

Песната „Superstar“, која ја изведува со Сенит, според него, носи порака што ѝ е потребна на Европа.

„Малку радост и малку фанк – тоа е токму она што ни треба сега“, порача Бој Џорџ.

Иако Сан Марино не котира најдобро на обложувалниците, а шансите за пласман во финалето се проценуваат на околу 21 процент, музичарот не е загрижен.

„Без оглед на исходот, ова за мене е навистина прекрасно искуство“, рече тој.

Вечерва започнува јубилејното 70. издание на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот