Тамара ги освои симпатиите на Бој Џорџ

Покрај многумината познати лица од регионот, нашата Тамара доби уште еден познат фан. Станува збор за англискиот пејач Бој Џорџ кој напиша дека гледа Евровизија и навива за Тамара Тодевска. Тој ова го објави на својот Твитер профил, а веќе има и многумина кои го поддржуваат.