Автобус Бенфија/Screenshot

ВИДЕО: Мурињо од автобус го гледал натпреварот на Бенфика против Реал Мадрид

Иако беше суспендиран за реваншот меѓу Реал Мадрид и Бенфика, очекувањата беа дека Жозе Мурињо барем ќе се појави на трибините на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, португалскиот стратег одлучи да остане далеку од очите на јавноста.

Според информациите, домаќинот дури обезбедил технички услови Мурињо да може да комуницира со клупата на Бенфика од ложата, преку посебна радио-врска. Но, наместо да седне на предвиденото место, тој воопшто не се појавил на трибините.

Новинарот Гилем Балаг, повикувајќи се на португалскиот весник „Рекорд“, откри дека Мурињо останал во клупскиот автобус со кој Бенфика пристигнала во Мадрид. Токму од таму го следел натпреварот, а не е исклучено и од таа позиција да давал инструкции до своите соработници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот