ВИДЕО | Мундобаскет: Моќната Канада ја прегази Франција

Фото: FIBA

Репрезентацијата на Канада денес убедливо ја совлада Франција со 95:65 и тоа без својот најдобар кошаркар Џамал Мареј.

Со овој триумф Канаѓаните потврдија дека се репрезентација која има потенцијал за највисок пласман. Екс-европскиот шампион денес беше декласиран во вториот дел, посебно во третата четвртина во која Французите скоро ништо да не погодија и едвај постигнаа осум поени, примија 25.

Франција го отвори подобро мечот, но потоа имаше ужасни 21% за три поени со само шест погодени од 28 ободи. Канада предводена од Шај Гилџус-Александер со 27 поени, 13 скоак и Кели Олиник со 18 ги прегази „галските петли“.

Во редовите на победничката екипа се истакнаа уште Дилон Брукс и Никеил Александер-Вокер со по 12 постигнати поени. Најрасположен кај Французите бше Фурние со 21 поен.

ДЕНЕШЕНИ РЕЗУЛТАТИ:

Ангола – Италија 67:81

Финска – Австралија 72:98

Мексико – Црна Гора 71:91

Латвија – Либан 109:70

Доменикана – Филипини 87:81

Германија – Јапонија 81:63

Египет – Литванија 67:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот