ВИДЕО | Мукиеле за триумф на Сандерленд во Премиер лигата, Тотенхем и натаму е во зоната на испаѓање
Фудбалерите на Тотенхем денеска во рамките од 32 коло во Премиер лигата се поразени на гостувањето кај Сандерленд со резултат 1:0, што ги остави и натаму во зоната за испаѓање. Единствениот гол се случи во 61 минута кога Норди Мукиеле упати шут од далечина. Топката закачи некого од одбраната на гостите на патот кон голот, го измами голманот Кински и заврши во мрежата за голема радост кај домашните навивачи на стадионот.
Препорачано
Иако Тотенхем ја имаше иницијативата во некои делови од натпреварот, среќата и ВАР не беа нивни сојузници. Во 23 минута, судијата Роберт Џонс досуди пенал за гостите, но по интервенцијата на ВАР собата одлуката беше поништена, што беше првиот голем шок за лондонскиот тим.
Доминик Соланке и Ришарлисон пропуштија шанси, а во самиот финиш одмечо, голманот на Сандерленд, Робин Рофс, стана херој откако успеа да одбрани во 92 минута под самата пречка по одличен слободен удар на Педро Поро, а потоа издржа неверојатни 11 минути судиско надополнување.
Ситуацијата за Тотенхем сега е алармантна по овој пораз – клубот го зазема 18. место на табелата со 30 бода. Спасот им бега, бидејќи нивните директни конкуренти полека бегаат. Вест хем моментално има 32 бода, додека Нотингем форест, по ремито со Астон Вила попладнево (1:1), има 33, што значи дека Тотенхем ќе мора да бара чудо на крајот од сезоната за да избегне испаѓање – сценарио кое никој во Северен Лондон не можеше да го замисли.
Тотенхем ќе се соочи со Брајтон, Лидс, и Евертон дома во последното коло до крајот на сезоната, додека ќе гостува кај Вулверхемптон, Астон Вила и Челси. Покрај падот на резултатите, дополнителна загриженост за навивачите е повредата на одбранбениот играч Кристијан Ромеро, кој мораше да го напушти теренот во 70 минута поради повреда.
Премиер лига, 32 коло
Недела, резултати:
Кристал палас – Њукасл 2:1
Нотингем – Астон Вила 1:1
Сандерленд – Тотенхем 1:0


