ВИДЕО: Младиот спортски херој Марко Пејчиновски го најавува последното, десетто препливување

Марко Пејчиновски плива за да инспирира и да докаже дека сè е во возможно/Фото: facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial

Марко Пејчиновски, младиот пливачки маратонец на отворени води, кој летово го препливува Охридското Езеро за да инспирира и да докаже дека сè е возможно, го најави последното, десетто препливување за ова лето, на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. Пливачкиот подвиг Марко планира да го изведе на празникот Голема Богородица, на 28 август.

Од почетокот на својата пливачка кариера, младиот маратонец прави подвизи кои никој досега ги нема направено. Неговата желба е секогаш да ги крева стандардите, да направи нешто поголемо, нешто потешко, да го тргне зборот „невозможно“ од речникот.

Да докаже и дека и кога нема да се успее, треба да се држи главата горе, да се обидеме пак и да докажеме дека сите можеме, без оглед на пречките кои стојат на патот. Марко е на чекор да ги реализира сите 10 препливувања, да исплива 250 километри. И во Македонија има таленти, и во оваа земја има деца кои чекаат да им се пружи рака да се докажат, дека и тие имаат спортски потенцијал.

1 препливување, Радожда – Охрид, 14 километри, пет часа, 25 минути и девет секунди
2 препливување, Радожда – Градиште, 18 километри, 6 часа и 40 минути

3 препливување, Радожда – Трпејца, 20 километри, 6 часа 4 минути и 39 секунди
4 препливување, Струга – Св. Наум, 30 километри, 9 часа и 26 минути

5 препливување, Струга – Пештани, 21 километар, 7 часа 5 минути и 59 секунди
6 препливување, Струга – Градиште 22 километри, 6 часа 53 минути и 20 секунди

7 препливување, Радожда – Трпејца – Градиште, 24 километри, 6 часа 52 минути и 15 секунди
8 препливување, Заум – Охрид, 18 километри, 5 часа 16 минути и 15 секунди

9 препливување, Градиште – Трпејца (Стог) – Охрид 20 километри, 5 часа и 59 минути
10 препливување, Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид, 64 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот