ВИДЕО: Митревски и Гедбан во Топ 5 одбрани на колото во Лигата на шампионите

фото: РК Еурофарм Пелистер

ЕХФтв по завршувањето на шестото коло во ракометната Лига на шампионите ги објави најдобрите пет одбрани на колото.

Во изборот се најде македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски кој имаше 14 одбрани во триумфот на Порто против ГОГ Гудме. Митревски е на третото место во изборот на ЕХФтв.

А на четвртата позиција е алжирскиот чувар на мрежата Калифа Гедбан од редовите на Еурофарм Пелистер.

Потсетување дека актуелниот македонски првак загуби во Битола од полскиот претставник Кјелце.

Покрај Митревски и Гедбан, на оваа листа се и Никлас Ландин (Алборг), Никола Портнер (Магдебург) и Родриго Коралес (Веспрем).

Најдобрите пет одбрани на колото во ЛШ можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот