ВИДЕО: Митревски е најдобар голман на колото во ракометната Лига на шампионите

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претходно објавивме дека Никола Митревски се најде во Топ 5 одбрани на колото во изборот на ЕХФтв.

Подоцна, македонскиот репрезентативен голман се најде на уште една листа, односно во идеалниот тим на колото.

Нашиот чувар на мрежата имаше значаен придонес од 14 одбрани во триумфот на Порто на последниот меч во ЛШ.

Меѓу најдобрите седум играчи се и Матијас Муше, Сандер Сагосен, Елијас Елефсен, Мадс Хоксер, Себастијан Карлсон и Лудовик Фабрегас.

Видео записот со идеалниот тим на шестото коло во ЛШ можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот