Фото: Screenshot

ВИДЕО: Мистериозна смрт во Бугарија – претседател на фудбалски клуб пронајден мртов

Бугарската јавност ја потресе трагична вест од Бургас, каде што мртов во автомобил бил пронајден бизнисменот и претседател на фудбалскиот клуб ОФК Поморје, Христо Бургазлиев.

Според информациите што ги објави бугарскиот медиум „ЕраНова“, телото на Бургазлиев било откриено во автомобил „Ауди“, паркиран во градот. Засега постојат две можни верзии за настанот. Едната е дека станува збор за самоубиство, додека според другата, бизнисменот бил застрелан од непознато лице додека се наоѓал во возилото.

Надлежните институции веднаш започнале истрага. Полицијата веќе ги обезбедила и прегледува снимките од безбедносните камери во близина на местото на настанот, со цел да се утврдат точните околности.

Се очекува во наредниот период истражните органи да излезат со повеќе информации за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот