фото: EPA-EFE/DAVID BORRAT

ВИДЕО: Миовски од клупата го гледаше триумфот на Барса против Жирона

Денеска во петтото коло од најсилното шпанско првенство, фудбалерите на Барселона на гостински славеа над Жирона со 4:1.

После првото полувреме водеше каталонскиот гигант со головите на Јамал во 30 и 37 минута.

На стартот од вториот дел за 3:0 се погрижи Олмо, а во листата на стрелците се запиша и Педри во 64 минута за 4:0.

Единствениот погодок за домаќините го реализираше Стуану во 80 минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше на клупата за резервни играчи кај Жирона, но не доби минутажа.

На табелата во „Ла Лига“ Барса е на првото место со 15 бодови, додека Жирона после вториот пораз сезонава е на седмата позиција со седум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот