ВИДЕО: Миовски му донесе бод на Абердин во Конференциската лига

фото: instagram.com/aberdeenfc

Во второто коло од групата „Г“ Абердин стигна до првиот бод во Конференциската лига откако на домашен терен со 1:1 ремизираше со ХЈК.

Финците водеа од 59 минута со голот на српскиот интернационалец Радуловиќ во 59 минута од средбата.

Шкотите го избегнаа поразот во 79 минута со погодокот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

За нашиот напаѓач тоа е трет гол сезонава на меѓународната сцена, претходните два ги имаше во плеј-офот на Лига Европа против шведскиот Хакен.

Во составот на ХЈК не беше нашиот голман Дејан Илиев кој се опоравува од повредата.

Од истата група ПАОК со 2:1 триумфираше над Ајнтрахт Франкфурт, па во генералниот пласман Грците се првопласирани со шест бодови, пред германскиот претставник кој има три, а по еден ХЈК и Абердин.

Во другите мечеви од второто коло во Конференциската лига: Астон Вила – Зрињски 1:0, АЗ Алкмаар – Легија 1:0, Чукарички – Генк 0:2, Фиорентина – Ференцварош 2:2, Нордсјеланд – Лудогорец 7:1, Трнава – Фенербахче 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот