ВИДЕО: Миовски го постигна 11 гол за Абердин во шкотската Премиер лига

Бојан Миовски („Абердин“)/фото: instagram.com/aberdeenfc

Во заостанатиот натпревар од деветтото коло во шкотската Премиер лига фудбалерите на Абердин на домашен терен со резултат 1:1 ремизираа против Данди.

Домаќините водеа од 31 минута со голот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој беше прецизен од белата точка.

За нашиот напаѓач тоа е 11 погодок во дресот на Абердин сезонава во шампионатот.

Во 55 минута гостите израмнија со голот на Ашкрофт. Пет минути порано домашниот тим постигна гол преку Соклер, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР снимката.

На табелата Абердин е на осмата позиција со 24 бодови и во следното коло пред своите навивачи ќе игра против Селтик на 3 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот