Бранко Огњановски/Васко Тодоров/Љупчо „Бубо“ Каров / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Миле, Тошо и Цацко се собраа во кафеана по повод 30 години од „К-15“: „Нешто ќе правиме сигурно…“

Легендарното трио „К-15“, вчера прославија 30 години од емитувањето на првата епизода од оваа единствена ТВ-емисија.

Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров се собраа во кафеана и оттаму преку видео во нивен препознатлив стил им се обратија на обожавателите. Притоа, тие одбележаа 30 години од почетоците на „К-15“. А воедно и најавија некакво враќање… Но, повторно без детали, така што останува да чекаме кога и во каков формат ќе се случи обединувањето на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки.

Во видеото тие наздравуваат и повторно ја начнаа темата што многумина ги интересира.

„Добро, нешто ќе правиме сигурно. Дали ќе биде документарен филм, дали ќе биде во живо, дали ќе биде во живо емисија… Ќе ви јавиме со десертот. А вие ако сакате да честитате роденден, направете го тоа во коментари“, го заврши Бранко видеото.

Да потсетиме, првата епизода на „К-15“ беше емитувана на 23 ноември 1994 година. Духовитите фрази и конверзации на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки бргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K-15 (@k15___mk)


Создавачите на емисијата, Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров, ја забавуваа телевизиската публика, но и упатуваа силна социјална, политичка и економска критика, особено за нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу-темите.

„К-15“ се емитуваше на повеќе македонски телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5, МТВ и Алфа.

Последната епизода беше емитувана на 23 март 2013 година.

ФОТО | Триесет години „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки се враќаат на малите екрани?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот