ВИДЕО | Мицкоски ги повика нашите во Австрија да размислат за враќање дома, Македонија била „гладна за инвестиции“
Премиерот пред иселениците во Виена рече: „вие сте практично додадената вредност на нашето општество“, како и дека неговата влада ја смета дијаспората за „нераскинлива алка од нашиот идентитет“, без да навлезе подлабоко во објаснувањето на овие референци.
Премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“ објави дека денеска во Виена се сретнал со дел од македонската дијаспора во оваа земја, со кои, како што пишува во објавата, разговарале „отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава“.
Препорачано
Мицкоски вели дека на средбите ги повикал нашинците кои живеат и работат во Австрија „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот на државата“, посочувајќи дека во Владата „работат посветено да создадат стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри таквите чекори“.
Премиерот во обраќањето пред иселениците во Австрија рече: „вие сте практично додадената вредност на нашето општество“, а рече и дека неговата влада ја смета дијаспората за „нераскинлива алка од нашиот идентитет“, без да навлезе подлабоко во објаснувањето на овие интересни референци.
И Јаневска сподели интересни чувства — иселениците почнале да се враќаат по заслуга на Владата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
12мин
-
14мин
-
28мин
-
30мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


