ВИДЕО | „Ми заплакало селото Ваташа“: Емотивна изведба на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на „Златна бубамара“

Андријана Јаневска / Фото: Фејсбук/„Златна бубамара на популарноста“

Вчера се случи телевизиската премиера на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“, кое им приреди неколкучасовна забава на гледачите на телевизија Канал 5.

Според коментарите на социјалните медиуми, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов и хорот „Мирче Ацев“ оставиja најсилен впечаток кај гледачите со нивната маестрална изведба на песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од Лазар Манчевски и „Цветови“ од Славко Јаневски.

„Драги Македонци, имате што да им порачате на вашите деца и внуци. Пуштајте им ја песнава и раскажувајте што точно се случило. Треба да сме горди што постојат луѓе како Андијана и Игор“, „Се гордеам што сум Македонец и внук на Илинденец и Партизан. Македонијо, те сакаме“, „Ме расплакаа! Маестрални!“, се дел од коментарите.

Снимката од емотивната изведба ја сподели и самиот Игор Џамбазов, а неговата колешка Андријана Јаневска му искоментира дека ѝ било чест што настапила со него.

„Игор, ми беше чест што настапував покрај тебе. Огромна благодарност и до хорот ‘Мирче Ацев’, кој со својата врвна изведба ѝ даде уште поголема моќ на песната!“, напиша Јаневска.

Имено, овие песни се посветени на масакрот во Ваташа, крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа.

Повеќе вести за годинашната „Златна бубамара“:

„Златна бубамара“, весело шоу на евтина струја: Понесете ги перничињата на отворање на „Универзална“

Прва „Златна бубамара“ без Сашко Коцев како водител: Не стасав од презафатеност

Џамбазов на „Златна бубамара“ во друштво на Кристина Димитријевска: Си поминавме забавно со Игор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот