ФОТО | Џамбазов на „Златна бубамара“ во друштво на Кристина Димитријевска: Си поминавме забавно со Игор

Моделот и пејачка Кристина Димитријевска, која има освоено повеќе титули за убавина, сношти на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ дојде во друштво на Игор Џамбазов.

Кристина и Џамбазов беа седнати во еден од првите редови во Арената „Борис Трајковски“. Нашиот познат актер, пред почетокот на шоуто, ни рече дека не сака да ја прекрши традицијата, и на „Златна Бубамара“ учествува сите години, годинава по 26. пат.
Кристина, пак, вели дека си поминала многу забавно во друштво на Џамбазов и уживала во шоуто на актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски кои ја водеа манифестацијата.

„Вчера ми беше чест од првите редови, како почесен гостин да ја следам „Златна бубамара“, 26. по ред, во придружба на мојот соработник, уметникот Игор Џамбазов, кој работи на моите песни заедно со најдобриот продуцент Дарко Димитров“, изјави Кристина за „Слободен печат“.
„Сношти, најемотивен дел ми беше кога Игор Џамбазов рецитираше и пеееше стара народна песна. Не би да ја откривам, ќе го проследите на снимката на „Златна бубамара“ . Си поминавме забавно со Игор, актерите Тино Костадиновски и Aтанас Атанасовски нѐ смееја до солзи“, ни изјави Кристина.

Таа досега снимила неколку песни, а како што најави, следните ќе бидат од музичката работилница на Дарко Димитров, со текстови на Џамбазов.
Атрактивната тетовчанка до 2019 година беше во брак со поп-пејачот Даниел Кајмакоски, со кого има син.
Последниве години, активно му се врати на манекенството, а активна е и на Инстаграм, каде соработува со повеќе брендови кои ги рекламира. Минатата недела, се појави на „Саемот на венчавки“ во Скопје како дел од моделите.
Прва „Златна бубамара“ без Сашко Коцев како водител: Не стасав од презафатеност