Прва „Златна бубамара“ без Сашко Коцев како водител: Не стасав од презафатеност

За првпат, на сцената на „Златна бубамара на популарноста“ како водител не се појави Сашко Коцев, кој ја води „Бубамара“ од 2006 година.
Познатиот актер, поради презефатеност не можел да стаса на шоуто, кое месеци однапред се подготвува.
– Бев премногу зафатен, не можев да постигнам. Имав две претстави и турнеја во Словенија со филмот“, изјави за „Слободен печат“ Сашко веднаш по манифестацијата, додавајќи дека годинава му се поклопиле ангажманите.
Коцев инаку, заедно со Јелена Јованова игра во филмот „Нешто слатко“ (Nekaj sladkega) кој е доста популарен во Словенија, а покрај тоа е ангажиран со претставите во неговиот матичен театар МНТ.
Во сценариото, неговите колеги Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски го споменаа неколкупати во свој препознатлив стил.