ВИДЕО: Меси и Интер Мајами елиминирани од КОНКАКАФ Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Miguel Sierra

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со својот Интер Мајами претрпе пораз од Монтереј со 3:1 и со вкупни 5:2 беше елиминиран од најелитното клупско натпреварување на Северна и Централна Америка.

Лигата на шампионите во КОНКАКАФ од оваа сезона се нарекува Куп на шампиони, а Интер Мајами на Меси се прости уште во раната фаза од натпреварувањето.

Во првиот меч Мексиканците победија со резултат 2:1, па имаа малку полесна задача да го потврдат пласманот во реваншот.

Веќе во 31 минута Монтереј поведе со голот на Брендон Васкез, предноста ја зголеми Херман Бертераме во 58 минута.

За 3:0 се погрижи Хесус Гаљардо во 64 минута, а во 85 минута Интер Мајами го постигна единствениот гол кој го реализираше Диего Гомез. Во 78 минута црвен картон во редовите на Интер Мајами доби Жорди Алба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот