Фото: Принтскрин/Икс

ВИДЕО | Меган Маркл танцува во друштво на двајца мажи, од принцот Хари ниту трага

Меган Маркл во минатата недела излегла на настан и забава со најблиските пријатели во Лос Анџелес, а со неа не бил нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Меган Маркл била на отворањето на нова линија за нега на коса од нејзината фризерка Кади Ли и нејзиниот деловен партнер Мајк Харис. Нејзиниот сопруг, принцот Хари не ѝ се придружил на својата сопруга на прославата, но друштво ѝ правеле нејзините најдобри пријатели, фризерот Серж Нормант и шминкерот Даниел Мартин, пишува „Њујорк пост“.

 


Војвотката од Сасекс изгледаше неверојатно во црн горен дел и панталони со широки ногавици, пишува магазинот. Стајлингот го комплетираше со високи потпетици, додека од деталите избра златен накит.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од прославата, а ги сподели дизајнерката на накит Маја Бренер.

 


Судејќи по фотографиите, Меган одлично се забавуваше без принцот Хари, а беше забележана и како танцува.

 


Да потсетиме, со месеци се шушкаше за разводот на Меган и Хари. Се пишуваеше дури и дека се поднесени документи за развод, како и дека помладиот син на Чарлс и Дијана сака да се смири со татко му и брат му и да ги врати односите што ги прекинаа во 2020 година кога тој и неговата избраничка ја напуштија Велика Британија и сите кралски должности.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Brenner (@mayabrenner)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот