Белингам и Винисиус/Real Madrid C.F

ВИДЕО | Мбапе и Винисиус го урнаа Алавес и го вратија Реал на победничките патеки

Фудбалерите на Реал Мадрид по двата натпревари без победа во Ла Лига вечерва рутински го совладаа Алавес на свој терен со 2-1.

Избраниците на Арбелоа беа подобар противник и не дозволија никакво изненадување. Резултатот го отвори Мбапе по 30 минути игра и тоа беше единствениот гол во првите 45 минути.

На почетокот од второт ополувреме во центарот на вниманието се најде Винисиус Жуниор кој на асистенција на Валверде се погрижи 2-0.

Алавес до крајот знаеше да се закани, имаше свои шанси беше на двапати погодена и стативата од голoт на домаќините, меѓутоа реализацијата дојде  во финишот кога Мартинез погоди само за утеха на гостите.

За Реал овој триумф доаѓа по двата натпревари во кои беа поразени од Мајорка со 2-1 и ремизираа 1-1 против Жирона.

Во вториот натпревар кој се играше вечерва Бетис на гости се радуваше против Жирона со 3-2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот