Жан-Филип Матеа/Crystal Palace FC

ВИДЕО | Матета херој, Палас со европски трофеј го испрати Гласнер

Кристал палас испиша историски успех и го освои трофејот во Лига на конференции, откако во финалето славеше минимална победа од 1-0.

Англискиот премиерлигаш во текот на целиот натпревар беше подобар ривал, создаде повеќе шанси и на крајот сосема заслужено стигна до првиот европски трофеј во клупската историја. Првото полувреме помина без голови, а клучниот момент се случи веднаш на стартот од вториот дел кога Жан-Филип Матета ја затресе противничката мрежа за водство на Кристал Палас.

Само неколку минути подоцна англискиот тим можеше и порано да го реши победникот. Фудбалерите на Палас создадоа неколку одлични шанси, а во една акција дури двапати ја погодија рамката од голот, но втор погодок сепак немаше.

Во продолжението, избраниците на Оливер Гласнер се повлекоа на својата половина и дисциплинирано ја сочуваа предноста, не дозволувајќи му на противникот да создаде посериозни можности за израмнување.

Овој трофеј воедно претставува и проштален успех за Гласнер на клупата на Кристал палас, бидејќи веќе е потврдено дека австрискиот стратег ќе го напушти клубот.

ВИДЕО | Хаос во Лајпциг: Се степаа хулиганите на Кристал палас и Рајо Ваљекано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот