ВИДЕО | Масакр на пазар во Судан, загинаа стотици цивили
Продемократската суданска адвокатска организација Emergency Lawyers во Судан денеска соопшти дека нападот на суданската армија на пазар во градот Тора, во северен Дарфур, предизвикал смрт на стотици цивили.
Препорачано
Организацијата, која ги документира прекршувањата на човековите права од почетокот на војната во Судан во април 2023 година, во соопштение рече дека „борбените авиони на суданските вооружени сили извршија ужасен масакр во воздушен напад на слепо врз пазарот Тора, Северен Дарфур, при што загинаа стотици цивили, а десетици беа сериозно повредени“.
Cientos de civiles murieron en un bombardeo del ejército sudanés en un mercado de la ciudad de Tora, en la región de Darfur, asegura Emergency Lawyers, un colectivo de abogados sudaneses a favor de la democracia #AFP pic.twitter.com/NI08HkE50g
— Agence France-Presse (@AFPespanol) March 25, 2025
Бидејќи телекомуникациите се нарушени во регионот Дарфур, агенцијата Франс прес забележува дека не била во можност самостојно да ја потврди оваа информација.
Од април 2023 година, во Судан беснее жестока војна помеѓу паравоените сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагло и армијата под генерал Абдел Фатах Ал Бурхан.


