ВИДЕО | Маричиќ: И сто години да траат преговорите со Бугарија, нација не може да се избрише

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања / Утрински брифинг

Се одбележуваат 100 дена од новата влада и 100 дена нови односи со Бугарија. Генерално ја сменивме патеката на движење и во работните групи и во владите, сите прашања се на маса, средби се одржуваат и се надеваме дека ќе имаме резултати вели за Утрински брифинг Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Општата атмосфера во Бугарија е Македонците се неосвестени Бугари, атмосферата таму не се менува, а она што го прави Петков е обид за наоѓање техничко решение.

-Доколку не успееме наскоро, јазот само може да се зголеми и продлабочи. Трпението ќе исчезне. Тезата на Софија е неодржлива, и сто години да траат преговори нација не може да се избрише. Ние инсистиравме на достоинствено решение меѓу две земји партнери во НАТО. Важно е во двете земји да не доминира наративот на нетрпение, вели Маричиќ за Утрински брифинг.

Маричиќ вели дека ние имаме стратешка определба за членство на ЕУ и тоа е константа. Македонија не се откажува од членството во ЕУ со сите стандарди и од тоа оваа влада нема да се откаже, но нема да се откаже ни од идентитетот и македонскиот јазик. Но, доколку продолжи ветото од Бугарија нема да можеме да ги одржуваме истите односи. Не можеме да дозволиме ние и нашите граѓани да се чувствуваме понижено, вели Маричиќ.

-Ние сме влезени во процес на разговори кој трае стотина дена и сакаме да видиме до каде ќе нѐ одведе. Протокот на време по себе нема да помогне, а она што се случи во Битола исто така не помага. Опозицијата и нејзиното барање за предвремени избори исто така е непродуктивна, вели Маричиќ.

По победата на Макрон во Франција, ситуацијата во ЕУ се стабилизира. Членките на ЕУ, по ова што се случи во Украина, се сѐ посвесни за влијанијата на Русија врз Балканот, коментира Маричиќ и додава дека нашата земја е вклучена во заедничкото снабдување со гас, а и ЕУ помага за надминување на финансискиот дефицит.

Соочена со пандемиска, енергетска и воена криза оваа Влада стори многу за стандардот на граѓаните, а односите со Бугарија беа константен предизвик.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот