ВИДЕО | Maнчестер Јунајтед го победи Ленс, Онана прими гол од половина терен

Фото: Manchester United

Maнчестер Јунајтед со одлична игра во второто полувреме славеше против француски Ленс со 3:1 во последниот пријателски натпревар пред почетокот на сезоната.

Ленс го надигра Манчестер Јунајтед во првото полувреме и заслужено имаше предност. Голот за водство го постигна Сотока кога во 23-тата минута од половина терен го совлада Андре Онана.

Во второто полувреме Јунајтед заигра многу подобро и доминираше на теренот, па со головите на Рашфорд, Антони и Касемиро дојде до пресврт за победа.

Пред почетокот на денешниот натпревар Јунајтед претстави и засилувањето од Аталанта, Расмус Хојлунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот