ВИДЕО | Малечката Марија од Гевгелија меси и продава крофни за болно девојче од овој град

Гест за почит на малата гевгеличанка Марија за својата сограѓанка Луна/Фото: Фејсбук

Девојче од Гевгелија инспирирано од гестот на малечката Нина Нинковиќ од Нови Сад која со продажба на крофни сакаше да собере пари за лекување на својот болен татко, прави и продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија.

Двете девојчиња од истиот град не се познаваат, но кога Марија дознала за 14-годишната Луна која треба да оди на операција во Турција и за нејзиното лекување се собираат донација, решила да помогне со продажба на крофните на штанд во Гевгелија. Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција.

Таму вчера и денеска Марија вредно работи за помош на девојчето Луна на која и се потребни 65 илјади евра за операцијата во Турција.

Граѓани трогнати од иницијативата и хуманоста на Марија дојдоа на градскиот плоштад за да дадат своја донација за помош на девојчето кое мора да оди на лекување.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

Откако беше објавена трогателната приказна за малечката Нина од Нови Сад во акцијата за помош на нејзиниот болен  татко се вклучи и српската влада која вети средства за лекувањето на родителот, а македонскиот уметник и дизајнер Зоран Кардула изработи и му подари постер на малечката хероина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот