Српската влада ќе му помогне на девојчето кое продава крофни за да го спаси болниот татко

Српската влада ќе му помогне на девојчето кое продава крофни за да го спаси болниот татко / Фото Колаж на СП

Министерот за финансии Синиша Мали изјави дека семејството на девојчето кое продава крофни за лекување на нејзиниот татко не се обратило за помош до државните институции, додавајќи дека секако дека ќе помогнат колку што можат, јавуваат српските медиуми.

– Не е во прашање помош, пари има, ќе помогнеме. Побарав од министерот за здравство да стапи во контакт со нив и да видиме како можеме да помогнеме. Како и секогаш, и државата ќе му помогне – рече Мали.

Малечката Нина Нинковиќ од Нови Сад го воодушеви регионот, откако на социјалните медиуми се прошири веста дека ова вредно девојче продава крофни за да собере пари за лечење на нејзиниот болен татко.

„Прво, сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнал на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели малечката Нина, која успеала да продаде дури 500 крофни за едно попладне.

ВИДЕО | Девојче од Нови Сад продава крофни за да му помогне на својот болен татко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот