ВИДЕО: Македонските навивачи ја даваат поддршката во Порто

Фудбалерите и во Порто ќе ја имаат поддршката од навивачите/Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Нашите најдобри фудбалери денеска од 20.45 часот ќе го играат финалето против Португалија за пласман на Мундијалот во Катар.

Ја даваа поддршката во Палермо против Италија, така е и во Порто, македонските навивачи, верната „Фаланга“ со песни ја креваат атмосферата пред денешниот натпревар.

Сите посакуваме и се надеваме дека вечерва Македонија ќе направи уште едно чудо, елиминирајќи уште еден европски гигант.

Од друга страна, домаќините ќе имаат огромна поддршка од околу 50.000 илјади свои фанови.

– Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудливите на ите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар – рече репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас.

Видео извор: Youtube/Димитар Јувентус

Видео на денот