ВИДЕО | Македонски дуел во Азербејџан: Еврогол на Тодороски, стрелаше и Алими

Фото: Sumgait FC

Во 15. коло во Азербејџан се сретнаа екипите на Сумгаит и Габала, а на крајот резултат беше 1:1. Ова беше и дуел на двајца македонски интернационалци кои постигнуваа погодоци.

Прво Исник Алими донесе предност за тимот на Габала со гол од пенал, за само пет минути подоцна репрезентативецот Тодор Тодороски со ефектен погодок за погоди заедничување. На крајот тој резултат се покажа и како конечен.

Алими го постигна шестиот гол за Габала сезонава, додека за Тодороски голот беше првенец во новиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот