Фото: Јутјуб / Saint Photios Orthodox Theological Seminary / скриншот

ВИДЕО: Македонец станал грчки владика во Њујорк

Македонецот Бранко Миовски, чие монашко име е Бенедикт, со години бил монах во Грција, а речиси две години е епископ на Грчката старокалендарска црква, со служба во квартот Асторија во општината Квинс во Њујорк, САД, пишува порталот „Религија.мк“.

Бранко Миовски, кој во монашкиот живот го носи името Бенедикт, е роден во Скопје во 1989 година. По завршувањето на студиите на Богословскиот факултет при МПЦ-ОА, во 2014 година заминал за Грција, каде што стапил во монашка заедница на старокалендарската традиција, таканаречената Црква на вистинските православни христијани на Грција.

Во 2015 година, во манастирот каде што се подвизува, е замонашен од Архиепископот Калиник, поглаварот на Атинската катедра. Неговата служба подоцна го води и надвор од Европа: во 2018 година како јероѓакон заминува во САД, каде престојува во манастир во Њујорк, под духовно водство на Митрополитот Димитриј, американски егзарх на оваа црква.

На снимка од настан на кој Бенедикт гостува како предавач, истакнат теолог го најавува и вели дека тој е од Скопје, Северна Македонија, и дека покрај мајчиниот македонски јазик, зборува и богослужи уште и на грчки, црковнословенски и на англиски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот