ВИДЕО | Мајсторија на Меси во триумфот на ПСЖ, погоди и Мбапе

ПСЖ - Ница/1 октомври/ Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Екипата на ПСЖ продолжи да победува во француската Лига.

Вечерва совладан беше тимот на Ница со 2:1. „Светците“ со оваа победа се вратија на врвот на табелата. Стрелци на головите за домаќините беа Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Меси својот гол го постигна после половина час игра и тоа беше вистинска мајсторија од слободен удар. Ница не се откажуваше и преку Лаборд на самиот старт на второто полувреме дојде до изедначување.

Стратегот на ПСЖ, Галтие во 58. минута тргна по трите бода така што во игра го пушти Килијан Мбапе кој овој дуел го започна од клупата за резерви. Токму Мбапе беше човекот на одлука кога на десетина минтуи пред крајот погоди и ги обезбеди бодовите за својот тим.

За Ница ова беше втор пораз во низа и се наоѓаат на 13. позиција на табелата, ПСЖ од друга страна е лидер со 25 бода во девет одиграни натпревари, Марсеј е второпласиран со два бода помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот