ВИДЕО | Мајли Сајрус првпат проговори за Елизабет Харли, новата љубов на нејзиниот татко
Светски познатата пејачка Мајли Сајрус за првпат ја коментираше романсата меѓу нејзиниот татко, Били Реј Сајрус и актерката Елизабет Харли.
Препорачано
Имено, таа истакна дека, кога станува збор за таа тема, таа „се однесува како возрасна личност“.
– На почетокот беше тешко бидејќи реагираш како дете, но потоа, како возрасен, си мислиш: „Да, тоа е мојот татко, тој е исто така возрасен човек кој заслужува среќа“ – објасни Мајли, пренесува „Пејџ сикс“.
Таа додаде дека таа и нејзиниот татко сега имаат многу подобар однос, откако целото семејство се собрало да го прослави 31-виот роденден на нејзиниот брат Брејсон во мај. Нивниот однос се влошил откако Били Реј и мајката на Мајли, Тиш, објавија во 2022 година дека се разведуваат по 30 години брак.
– Мајка ми го сакаше татко ми целиот свој живот. И мислам дека е многу тешко да се биде во брак со некој од музичката индустрија, ако не си дел од неа – објасни Мајли и истакна дека по разводот презела дел од болката на нејзината мајка.
– Но, мајка ми сега е многу заљубена во мојот очув Дом, кого апсолутно го обожавам! И татко ми… Кога ќе видам дека и тој ја пронајде среќата, можам да ги сакам двајцата како поединци, а не како пар родители – додаде Мајли.
Нејзината мајка се омажи за Доминик Персел, актер познат по улогата во серијата „Закон на браќата“, во август 2022 година, додека Били Реј и Елизабет Харли споделија фотографија на социјалните мрежи на која се прегрнуваат за Велигден. Извор неодамна изјави за „Пејџ сикс“ дека музичарот и актерката се пријатели многу години, а сега конечно се случи и двајцата да бидат слободни во исто време.
ФОТО | Елизабет Харли ужива во љубовта со Били Реј Сајрус: Изненади со нови заеднички фотографии


