Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Мајка и ќерка од Сиднеј гатале за огромни пари – на жртвите им ветувале „богати младоженци“

Во мултимилионска вила во Довер Хајтс, едно од најлуксузните сиднејски предградија, австралиската полиција изведе координирана акција во која уапси мајка и ќерка, осомничени дека стојат зад широко распространет синдикат за измама и перење пари.

Според информациите на Би-Би-Си, токму ова дуо долго време било таргет на истрагата, која открила дека жртвите – најмногу припадници на виетнамската заедница – биле оштетени за околу 46 милиони долари.

Постарата жена, 53-годишна, се претставувала како гатачка и мајстор за фенг шуи. На доверливи лица им сугерирала да земат банкарски кредити, од кои дел од парите ќе ги задржи, убедувајќи ги дека „младоженец милијардер“ наводно ќе им ја промени судбината. Нејзината 25-годишна ќерка, според полицијата, била директно вклучена во дел од трансакциите.

Во рацијата биле запленети финансиски документи, мобилни телефони, луксузни чанти, казино-чипови и 40-грамска златна прачка вредна околу 6.500 долари. Освен тоа, надлежните замрзнале дополнителни 15 милиони долари средства, покрај веќе блокираните 60 милиони од претходните чекори во истрагата.

Обвиненијата се сериозни: мајката се соочува со 39 кривични дела, меѓу кои водење криминална група и стекнување финансиска корист преку измама. Ќерката е обвинета за седум дела. Судот одби да ја пушти мајката со кауција, додека ќерката привремено е ослободена до јануарското рочиште.

Како што пренесува „Сиднеј морнинг хералд“, двете жени се поврзуваат со таканаречениот „пентхаус синдикат“, чии членови живееле во луксузни станови вредни милиони долари.

Полицијата верува дека дел од операцијата бил овозможен со помош на корумпирани банкарски службеници, кои одобрувале кредити преку кои синдикатот купувал и продавал недвижности во Сиднеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот