ВИДЕО: Мачка ја прекина прес-конференцијата на Бразилците пред мечот со Хрватска

Непоканет гостин на прес-конференција на Бразил на СП 2022/фото: принтскрин/youtube.com/@BeanymanSports

Фудбалерите на Бразил ќе играат против Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, а нивната прес-конференција ја прекина една мачка.

Пред бразилскиот репрезентативец Винисиус Јуниор се појави непоканет гостин, а играчот на Реал Мадрид почна да се смее. Портпаролот на репрезентацијата потоа почна да ја гали мачката, а потоа ги налути сите.

На груб начин ја фати мачката и ја фрли од масата, дури и присутните новинари протестираа поради тоа.

Тоа изнервира и многу други на социјалните мрежи кои го нападнаа и се прашуваа зошто не го направи тоа на понежен начин.

Како и да е, мачката остана на конференцијата, додека лежеше пред масата и од првиот ред слушаше што имаат да кажат Винисиус и Бразилците за претстојниот судир со „коцкастите“.

– На Светското првенство нема фаворити, Хрватите играа финале пред четири години во Русија. Го имаат одличниот Лука Модриќ, освојувач на Златната топка, ни претстои тежок натпревар. Ќе направиме сè што можеме за да направиме нов чекор кон нашата цел. Што се однесува до мене, ќе продолжам да работам, имам одлични соиграчи и во Бразил и во Реал. Дај Боже, на 18 декември да го оствариме посакуваниот успех – изјави Винисиус Јуниор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот