ВИДЕО: Ловец успешно ја тестираше новата американска нуклеарна бомба

Американската Национална лабораторија Сандија, во соработка со Националната лабораторија Лос Аламос ( кои вршат различни видови истражувања во врска со нуклеарното вооружување) заедно со американското воздухопловство, успешно тестираше интеграција на новата нуклеарна гравитациска бомба (Б61 -12) и повеќенаменскиот ловец Ф-35А.

На објавената снимка се гледа еден од пробните прелети на авионот, во текот на кој првпат е фрлена инертна верзија на бомбата, при брзина на летот поголема од брзината на звукот.

Суперсоничниот тест е спроведен во август на аеродромот за тестирање Тонопа во Невада, кој уште од 50-тите години се користи за различни видови на нуклеарно и друго авионско вооружување.

Авионот Локхид Мартин Ф-35 Лајтнинг II бомбата Б61-12 ја фрли од висина од 3.200 метри. На проектилот му беа потребни 42 секунди да ја погоди метата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот