ВИДЕО | Лион го победи ПСЖ во француското дерби, Меси повторно ги налути навивачите

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Тимот на Пари Сен Жермен доживеа нов пораз во Лига 1 и тоа на свој терен во дерби пресметката со Лион (0:1).

Актуелниот шампион во Лига 1 се бори само уште за титулата во домашното првенство, но ретко кој е задоволен од играта на скапо платените ѕвезди. Досега во лигата во која се очекува лесно да доминираат имаат пет порази сезонава.

Лион одигра одлично и му парираше на ПСЖ во текот на целиот натпревар, имаа „лавовите“ одлична прилика за гол уште во првото полувреме, но Лаказет не реализираше пенал. Победата ја обезбеди Бреди Баркола во 56-тата минута.

Забележана беше и нервозна реакција на Меси по крајот на натпреварот кога Аргентинецот си замина во соблекувалната без да ги поздрави навивачите. ПСЖ во овој момент е лидер во Лига 1со 66 бода, Ленс и Марсеј зад „светците“ имаа по 60 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот