ВИДЕО: Лекар од тетовската болница снимил видео за Тик-Ток и ги покажа пациентките од гинекологија

Тик-ток видеото кое го објави ТВ21/Фото: Скриншот

На социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ21.

Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.

Погледнете го видеото кое го објави вечерва ТВ21:

 

Тетовската болница се соочува со низа проблеми во работењето од технички, а по се изгледа и од професионален аспект. Болницата се соочува со недостиг на секаков вид на медицински кадар како и дотраени и нефункционални апарати. Новиот директор на оваа установа Плумб Вела, како и лекарската фела и истражните органи треба да побараат одговорност за ваквото скандалозно однесување од лекарскиот кадар во оваа болница.

Разоткривањето на овој скандал во тетовската болница доаѓа само неколку дена по големата трагедија во болницата во Битола каде новороденче почина кратко по доаѓањето на свет поради нестручност и непрофесионалност на лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот