ВИДЕО: Лејкерси понудија двајца играчи за Шрудер!

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес Лејкерс водат разговори со Оклахома Сити Тандер за ангажирање Денис Шрудер (27), во т.н. размена, пренесува новинарот на „ЕСПН“, Адриан Војнаровски.

Според информациите се очекува актуелниот НБА шампион за германскиот репрезентативец да ги понудат искусниот Дени Грин и правото на 28 пик на драфтот кој ќе биде одржан в среда.

Сето ова може да биде реализирано веќе наредниот понеделник, бидејќи претходно клубови кои покажаа интерес за Шрудер започнаа со други опции.

Шрудер беше 17 пик на Атланта на драфтот во 2013 година, а после пет сезони поминати во дресот на Хакси, се пресели во Оклахома.

Минатата сезона имаше просек од 18,9 поени, 3,6 скока и четири асистенции по меч, а „езерџиите“ во него гледаат разноврсен играч кој би им значел многу во напорите да ја одбранат титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот