ВИДЕО | Лејди Гага и Тони Бенет сo нова песна: Пејачот денес го слави 95 – тиот роденден, а ќе настапува и покрај Алцхајмерова болест

Лејди Гага и Тони Бенет
Фото: Profimedia

„Кога го објавивме „Cheek To Cheek“ во 2014 година, Тони Бенет ми се јави и ме праша дали сакам да снимам уште еден албум со него, песни на Кол Портер. Секогаш ми е чест да пеам со мојот пријател Тони и, се разбира, ја прифатив поканата“, напиша Гага на својот твитер – профил.

„Денес сум горда да објавам дека нашиот нов албум „Love For Sale“ ќе излезе на 1 октомври“, додаде Лејди Гага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)


Албумот Бенет и Гага го снимаа цели две години. Објавувањето беше најавено како последен албум на Бенет, откако тој откри на почетокот на оваа година дека му била дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerson🌈 (@nicagboi21)

Во февруари, списанието ААРП објави дека Бенет сè уште ги препознава своите пријатели и членови на семејството, не лута од дома и не покажува знаци на страв, лутина или депресија, кои се сите знаци на оваа форма на деменција. Но, тешко му е да идентификува предмети од секојдневниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

И покрај сето тоа, Бенет и Гага ќе настапат заедно во вторник и четврток во њујоршката Радио Сити музичка сала. Речиси целосно распродадените спектакли се насловени „One Last Time: An Evening With Tony Bennett & Lady Gaga“.

Твитер – профилот на Бенет е преполн со роденденски честитки од неговите бројни фанови, а меѓу другите пејачот добил честитки и од Алек Болдвин, Роберт Де Ниро, Синди Лопер, Боно, Еџ, сестрите Поинтер, Били Џоел, Кит Ричардс, Пол Макартни, Кејти Курик.

„Бог ви даде голем, голем подарок и вие добро го искористивте“, гласи роденденската честитка напишана од Болдвин.

Видео на денот