ВИДЕО | Лече славеше над Кремонезе во битка за опстанок во Серија А
Фудбалерите на Лече им се вратија на победите во Серија А со триумфот од 2:1 над Кремонезе во 28 коло, во директен дуел за опстанок.
Препорачано
По поразите од Интер и Комо, победите против Удинезе и Каљари во првата половина од февруари му дадоа надеж на тимот од јужна Италија за продолжување на борбата за опстанок. Денешниот дуел во беше идеална можност за освојување бодови бидејќи се сретнаа директните конкуренти.
Првото полувреме помина во доминација на домаќините, кои поведоа во 22 минута со голот на Сантијаго Пјероти, а предноста ја зголеми во 38-та минута Никола Штулиќ од пенал.
Кремонезе намали во 47 минута преку Федерико Бонаколи, по асистенција од Милан Ѓуриќ. Во 86-тата минута, мрежата на Лече се затресе, но голот беше поништен поради претходно играње со рака, што беше потврдено од ВАР.
Во судиското продолжение, голманот Фалконе одбрани два удари на играчите на Кремонезе, кои исто така побараа пенал во последната минута, што предизвика судир меѓу играчите на теренот. Судијата не досуди пенал, па победата остана во Лече, носејќи му на тимот три важни бода и предност пред Кремонезе во борбата за опстанок.


