ВИДЕО: Лазаров во Топ 5 најдобри голови на колото во Европската лига

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна четири гола против данскиот ГОГ/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во рамките од третото коло ЕХФ Европската лига составот на Нант на домашен терен го совлада ГОГ со резултат 27:24 за втор триумф сезонава за францускиот клуб.

Моментно во групата „Б“ води Бенфика со шест бодови, по четири имаат ГОГ, Нант и Лемго, а без бодови Чеховски Медведи и Кокс.

Значаен придонес во победата на Французите имаше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со постигнати четири голови.

Еден од неговите погодоци се најде и во изборот на ЕХФтв во топ 5 најубави голови на колото.

Токму со неговиот „проектил“ на дуелот против Данците започнува и изборот во кој се наоѓаат уште Јан Тарафета (Екс), Константинос Коционис (АЕК), Оле Рамел (Бенфика) и првопласираниот Том Поје (Ним).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот