ВИДЕО | Лазаров: Се надевам на две победи против Вест Виена
Ракометниот клуб Алкалоид се подготвува за двомечот против РК Вест Виена во рамките од третото коло во ЕХФ Европскиот куп.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Првиот натпревар ќе се игра в петок од 19.00 часот во Скопје во салата „Автокоманда“, а реваншот е в сабота во истиот термин.
Потсетување дека играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров го почнаа натпреварувањето со две победи над литванскиот претставник Драгунас Клаипеда.
– Противникот има младински австрински репрезентативци против кои нашите младинци се сретнаа минатото лето и одиграа нерешено. Станува збор за технички добра екипа која знае што сака во секој миг од натпреварите, која трча добро и игра сличен ракомет. Гледачите можат да видат два квалитетни мечеви. Ќе пробаме да одиграме два добри натпревари во 48 часа. Се надевам дека ќе оствариме две победи, иако не е заблагодарно да се зборува пред натпревар, тоа треба и да го одработиме.
Мојата екипа е во добра состојба, задоволен сум и како и за секој противник, така и за овој се подготвуваме максимално сериозно бидејќи сакам да го надоградуваме нашиот систем на игра. Очекувам да има што повеќе публика, овие играчи заслужија да имаат поддршка особено на европски меч – ги сподели очекувањата Лазаров.


