ВИДЕО | Лавров се сретна со Си во Пекинг за стратешка соработка меѓу Русија и Кина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржа билатерална средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во кинескиот главен град , објавија руските новински агенции ТАСС и РИА, а соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Препорачано
Си го пречека Лавров во кинескиот главен град „како дел од неговото учество на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Шангајската организација за соработка (ШОС)“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
„Беа разгледани голем број прашања за билатерални политички контакти на највисоко ниво“, вклучувајќи ги и подготовките за посетата на рускиот лидер Владимир Путин на Кина за учество на самитот на ШОС и прославите на годишнината од Втората светска војна.
Руската новинска агенција ТАСС објави дека Си се сретнал со Лавров по „широкиот состанок“ на кинескиот претседател со министрите за надворешни работи на ШОС.
Лавров встретился с Си Цзиньпином в Пекине, передает корреспондент ТАСС:https://t.co/IfA7inNAGI
Видео: МИД РФ pic.twitter.com/wQX6voqH2X
— ТАСС (@tass_agency) July 15, 2025
Лавров во неделата се сретна со својот кинески колега Ванг Ји за да разговараат за украинското прашање и односите со САД.
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во Кина по посетата на Северна Кореја, каде што доби уверувања за поддршка во нејзиниот конфликт со Украина.
Пекинг, дипломатски и економски сојузник на Москва, тврди дека е неутрален во конфликтот меѓу Русија и Украина. Сепак, Кина никогаш не ја осуди тригодишната воена кампања на Русија, ниту пак повика на повлекување на своите трупи, а многу од сојузниците на Украина веруваат дека Пекинг ѝ дал поддршка на Москва.
Кина редовно повикува на прекин на борбите, обвинувајќи ги западните земји за продолжување на конфликтот со вооружување на Украина.
На средбата со Лавров, Си Џинпинг „ја потврди својата намера за понатамошно градење на сеопфатно и стратешко партнерство со Русија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Пекинг долго време се обидува да ја прикаже Шангајската организација за соработка, која има 10 члена, како противтежа на блоковите на моќ предводени од Западот, како што е НАТО, и се залага за зајакната соработка меѓу своите земји членки во политиката, безбедноста, трговијата и науката.


