ВИДЕО: Лавата во Ла Палма проголта црква

Црквата во Ла Палма, пред да биде уништено од лавата / Фото: Принтскрин, Твитер

Вулканот на Канарските Острови повторно се активираше денеска, по кратка пауза во понеделникот наутро.

Лавата уништи голем број куќи, вили, а нејзината последна жртва беше стара црква, која се урна кога топлиот поток стигна до неа.

Драматичните снимки покажуваат облак од густ чад што ја зафаќа камбанаријата на црквата пред да се сруши.

Реки од лава потекоа надолу по планината кон југозападниот брег на островот, уништувајќи се што им се нашло, вклучувајќи 420 згради. Според најновите податоци, лавата зафаќа површина од 190 хектари.

Вулканот во близина на Ла Палма е активен девет дена, а по кратка пауза, повторно почна да испушта чад и лава околу 10.30 часот по локално време, пренесува Ел Паис.

Експертите од Националниот географски институт наведуваат дека овие прекини се чести, и како што рече портпаролот на Институтот, Рубен Лопез, сите „можни сценарија се разгледуваат“.

Исто така, 16 земјотреси беа регистрирани јужно од вулканот, а најсилниот беше околу два степени на длабочина од 10 километри.

За девет дена колку што траеше ерупцијата, голем број посеви, земјоделско земјиште, куќи и згради беа уништени, а околу 6.000 жители беа евакуирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот