ВИДЕО: Лацио во трката за ЛШ, Фелипе Андерсон за нов триумф во Серија А

фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Фудбалерите на Лацио славеа минимална победа против екипата на Лече во натпреварот од 20 коло во Серија А. Натпреварот на римскиот „Олимпико“ заврши со резултат 1:0 (0:0).

Стрелец на единствениот гол беше Фелипе Андресон во 58 минута по добрата акција на Луис Алберто. Тоа беше втор гол за бразилскиот фудбалер во италијанскиот шампионат оваа сезона.

По оваа победа „небесно-сините“ скокнаа на петтото место на табелата со 33 бодови, исто толку колку и четвртопласираната Фиорентина. Лече е на 13 место со 21 бод.

Во следното коло Лацио ќе го пречека шампионот Наполи (28 јануари), а претходно ќе се соочи со Интер во Купот на Италија (19 јануари).

Во следното коло Лече има и исклучително тежок противник – тимот на Јувентус (21 јануари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот