ВИДЕО | Кутревски: „Пекабеско“ и во кризата инвестираше во производство и извоз

Состојбата со пандемијата не беше очекувана. Се боревме против непознат непријател, не знаевме какви мерки да преземеме, се тоа го учевме во од. Тука морам да ја пофалам нашата Стопанска комора која секојдневно со соопштенија и укази не информираше и ние учевме како да постапуваме и полека се адаптиравме на постоечката положба. Се тоа беше на некој начин виша сила – затворени граници, затворени компании во други држави, намалена потрошувачка. На крајот на годината имаше вкупен финансиски пад од 11%, изјави во Утрински брифинг Слободан Кутревски, сопственик на „Пекабеско“.

„Пекабеско“ нема добиено ни „банка“ што се однесува до пандемијата. СО државата потпишавме 5 годишен договр, кој годинава истекува, за финасирање во развој, некаде околу 5 милиони евра и оваа година остануваат уште 400.000 да се дотрошат за тие инвестиции, инвестиции во смисла на опрема и екологија.За нашата месна индустрија да функционира се набавува еднаш годишно месо и се набавува од 6 до 10 милиони евра. Сервисираме трошоци, и може да кажеме дека пандемијата не ја осетивме од причина што на домашниот пазар имаме голем , до сега , незабележан раст“, вели Кутревски.

„Мојот работен век е при крај. На синовите останува, бидејќи покрај овие два капацитети, останува простор од 40.000 квадрати празен простор за градење. Ако имаат желба ќе си градат, мене ако ме прашаат јас веќе немам што да градам, јас веќе советнички се поставувам. Имаат идеји да се откупат фирми, да се инвестира во нив и да се купи некој развиен бренд, не да се почнува од бебе. Целта ни е да се освојува Западна Европа, Европска Унија“, вели Кутревски.

„Во нашата идустрија сировината се обезбедува од надвор. Ние овде се фалиме дека имаме свињарско производство кое е многу заштитено. Има и царина и прелевман. Па што е поповолно одбираме. Владата 4 години ни излегува во пресрет. Најде некое меѓу решение и да ги задоволи и свињарите и за нас производителите, бидејќи свињарите немаат месо за нас, немаат услови да го спремат онакво какво нам ни треба, како што го добиваме од Запад. Ние пред тоа бевме приморани да ги плаќаме тие давачки, што е нон сенс за производствена индустрија, да плаќаш давачки кои нас ни сметаат да бидеме гости на домашен пазар, бидејќи сите странски, околни, регионални играчи извезуваат во Македонија без царини и ние од старт во 20% сме поскапи од нив на стартно ниво“, вели Кутревски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот