Круз Бекам / Фото: Принтскрин / Тикток

ВИДЕО | Круз Бекам се расплака додека пееше песна посветена на брат му Бруклин – го утеши член на бендот

Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Круз Бекам, се расплака за време на настап во Лондон додека изведуваше песна за која се верува дека е посветена на неговиот брат Бруклин Бекам, со кого семејството има долгогодишна караница, пишува „Дејли мејл“.

За време на концертот во лондонскиот театар „Кортјард“, 21-годишниот пејач ја изведе емотивната песна „Најосаменото момче“, а според сведоците, во еден момент бил видливо потресен, па на сцената го тешел член на бендот.

Публиката забележала дека текстот на песната е полн со тага и пренесува чувство на напуштеност, поради што многумина веруваат дека се однесува на неговиот постар брат, со кого веќе некое време нема близок однос.

@tomshowbiz Cruz Beckham gets emotional and is comforted by his guitarist during Loneliest Boy, which appears to be a song about his brother Brooklyn and includes the lyrics: “Loneliest boy, mama don’t talk too much / It’s breaking hеr heart / It shows in the small things that you don’t do.” #cruzbeckham #brooklynbeckham #davidbeckham #victoriabeckham #CapCut ♬ original sound – tomshowbiz

Во публиката биле и неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам, како и неговиот брат Ромео, кои го поддржувале за време на настапот. Според британските медиуми, и тие биле емотивни додека ја слушале песната.

Семејните тензии меѓу Бруклин и остатокот од семејството траат со месеци. Тој претходно јавно ги обвини своите родители дека го контролираат неговиот приватен и професионален живот и изјави дека не сака помирување.

Конфликтот дополнително се продлабочи по неговата венчавка со Никола Пелц, а комуникацијата со семејството наводно беше сведена на минимум.

Иако членовите на семејството продолжуваат јавно да му се обраќаат преку социјалните мрежи, извори блиски до семејството тврдат дека врската е сè уште прекината, додека Круз, како што изгледа, се обидува да ги изрази сопствените емоции и искуството од целата ситуација преку музика.

ФОТО | Среде семејната драма: Круз Бекам со нова тетоважа и силна порака

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот