ВИДЕО: Кристијано Роналдо го спаси Ал-Наср, втор гол со глава за три дена на Португалецот

фото: EPA-EFE/STR

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо го постигна вториот гол со глава за три дена. Португалецот беше стрелец во 86 минута, и така неговиот клуб избегна пораз во мечот против Замалек во арапскиот Куп на шампионите (1:1).

Замалек поведе со голот на Ахмед Сајед во 53 минута, а Роналдо успеа да израмни и го спаси својот тим од пораз и да му обезбеди подобар пласман на табелата во однос на противникот.

Неговиот тим е на второто место со пет бода, односно една победа и две нерешени од три натпревари, додека Замалек е трет со четири бода, кои ги освои со една победа и нерешено, а имаат и пораз.

Ова е 146 гол во кариерата кој Роналдо го постигна со глава, претходно го престигна легендарниот Германец Герд Милер кој застана на 144 гола, Шпанецот Сантиљана постигна 125, додека Пеле 124 пати во кариерата ја затресе противничката мрежа со глава.

И во својата 22 сезона по ред, Кристијано Роналдо постигнува барем еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот