ВИДЕО | Крик на Флогст: Чуден трик за ослободување од стресот во Шведска

Unsplash
Unsplash

Во некои делови на Шведска, вообичаено е студентите, но и другите граѓани да го отворат прозорецот доцна навечер и да почнат да врескаат без некој да им замери за тоа. Врескањето треба да е искрено и силно без чувство на срам или што ќе кажат другите.

Студенти од Сернандерс Вага, во Упсала, врескаат секоја вечер, а нивните колеги од Лапкарсбергет го практикуваат тоа само во вторник, додека во Лунд врескањето почнува во 23 часот.

Многумина велат дека станува збор за култ, но причината е прилично рационална – студентите врескаат за да се ослободат од стресот, фрустрациите и од стравовите.

Овој „феномен“ што Швеѓаните го нарекуваат крик на Флогст, го добил името по студентската населба во близина на Упсала.

Според популарната теорија, врескањето почнало во 70-тите или 80-тите години на минатиот век кога група студенти од Лунд гледале документарец за исконски крик и заклучиле дека бучавата ќе им помогне да се ослободат од негативните емоции и стресот поради испитите.

Затоа шведскиот феномен за прв пат бил наречен крик на Делфи, а дури подоцна стана крик на Флогст.

Доколку се најдете во Шведска во студентските делови на градовите каде што овој феномен е сè уште начин на живеење – не двоумете се, туку пуштете го гласот, наведува порталот „Пункуфер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот